Американски Capcon ќе гради фабрика крај Скопје, се отвораат 400 работни места

Bez autora
Dec 21 2014

Американската компанија Capcon во петокот најави изградба на фабрика крај Скопје во која се очекува на почетокот да бидат вработени околу 400 лица, а инвестицијата треба д азинесува 18 милиони евра. За таа цел денеска во просториите на македонската влада беа потпишани договори за реализација на инвестицијата на амареканската компанија. Фабриката, која ќе биде лоцирана во Технолошката-индустриска развојна зона Скопје, би требало да стане оперативна кон средината на следната година. Главниот извшрен директор на Capcon, Али ел Хач најави дека во фабриката во Македонија ќе се произведуваат хибридни инфлатори за воздушни перничиња за автомобилската индустрија, а предвидено е целокупното производство да се пласира во Европа.

Американски Capcon ќе гради фабрика крај Скопје, се отвораат 400 работни местаАмериканската компанија Capcon во петокот најави изградба на фабрика крај Скопје во која се очекува на почетокот да бидат вработени околу 400 лица, а инвестицијата треба д азинесува 18 милиони евра.

За таа цел денеска во просториите на македонската влада беа потпишани договори за реализација на инвестицијата на амареканската компанија.

Фабриката, која ќе биде лоцирана во Технолошката-индустриска развојна зона Скопје, би требало да стане оперативна кон средината на следната година.

Главниот извшрен директор на Capcon, Али ел Хач најави дека во фабриката во Македонија ќе се произведуваат хибридни инфлатори за воздушни перничиња за автомобилската индустрија, а предвидено е целокупното производство да се пласира во Европа.

Ел Хач информираше дека ќе биде изграден најсовремен капацитет со високософистицирани производни линии, како и дека компанијата има намера да ги прошири свите активности со отворње на технички центар со инжинерска подршка.

„Покрај ниските трошоци за работрење, ниските даноци и талентираната млада работна сила, кон конечната одлука да инвестираме во Македонија помогнаа напорите на македонските власти за привлекување на странски инвеститори. Лично ја посетив неколку пати Македонија и согледав дека духот за соработката помеѓу владините инвестиции и приватните компании е на високо ниво и дека ентузијазмот и подготвеноста за напредок се евидентни насекаде“, изјави Ел Хач.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и посака добредојде на американската копанија и изрази задовлство дека дека оваа реномирана компанија од автомобилската индустрија ја впишува Македонија на мапата на свои производни центри, кои ги има во повеќе држави ширум светот.

Оваа инвестиција целосно се вклопува во напорите на Владата да се привлечат глобални, реномирани компании кои ќе направат значајни промени во екомонијата и тие се случуваат. Во зоните се отворени 11.000 вработувања, а во следниот период се очекува уште 13.000 работни места, рече Ставрески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik